Dubrovnik-Taxi

31.08.2024 Скопје

Хрватскиот град Дубровник започна акција против таксистите, кои според властите се премногу на улиците и предизвикуваат сообраќајни гужви. Како што соопштија, бројот на такси возила планираат да го намалат од неколку илјади на 700.

Таксистите тврдат дека не се единствените кои предизвикуваат гужви и дека ова е чиста дискриминација.

Дубровник е првиот град во Хрватска кој воведува зона со посебен сообраќаен режим. Целта е да се намалат гужвите околу историското јадро, но и да се воспостави ред. Тестната фаза започнува на 1 септември, а целосната примена ќе биде од 1 март. До самите ѕидини ќе можат да се приближат само оние со дозвола.

„Во моментов имаме 9000 такси возила, а целта е до 1 март да ги сведеме на 700“, изјави градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.

Иако таксистите не се противат на најавата за намалување на бројот на возила, спорен им е начинот на кој ќе се избира кој ќе добие дозвола.

Таксистите сметаат дека проблемот со сообраќајот во Дубровник е многуслоен и го повикуваат надлежниот министер на дијалог.

Подготвеноод М.Д.

About Author