19.08.2024 Скопје

„Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати. Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на утрешниот ден“, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој претходно денеска информираше дека дождот го изгасна пожарот на Галичица кој пустошеше 14 денови, како и пожарот кај селото Цер во кичевскиот регион.

Вечерашнава куса изјава на Ангелов треба да значи дека по 27 денови борба со пожарот кај Јасен, Општина Македонски Брод, кој тој го именуваше како монструм од  пожар, конечно е изгаснат. Во борбата со овој пожар покрај македонски пожарникар, полициски и воени хеликоптери, учествуваа и воздухоплови од Србија, Германија, Кипар, Словенија, како и пожарникари со шест возила од Унгарија. Сите беа ангажирани преку ЕУ-механизмот за помош при кризни ситуации.

Завчера власта одлучи повторно да побара да се активира овој европски механизам. Дали по денешната изјава на Стојанче Ангелов останува во сила ова барање, останува да се види.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *