LEKOVI 2

21.08.2024 Скопје

Според прелиминарните податоци, економијата на Данска пораснала за 0,6 отсто во вториот квартал од 2024 година во споредба со претходниот квартал на крилата на силната фармацевтска индустрија која го зголеми производството за 8,5 отсто.

Ова го објави Заводот за статистика на Данска.

Данската економија закрепна по кварталниот пад од еден отсто во првиот квартал.

Процутот на данската фармацевтска индустрија, позната пред се по лековите за слабеење на компанијата Ново Нордиск, е важен двигател на економскиот раст на земјата, но во исто време создава одредена зависност.

„Фармацевтските компании играат несразмерно голема улога во данското индустриско производство и предизвикуваат големи флуктуации во националниот БДП од квартал во квартал“, рече главниот аналитичар на финансиската група Никредит, Пале Соренсен.

Во вториот квартал од 2024 година, данскиот извоз квартално се зголеми за 1,8 отсто, а увозот за 0,2 отсто, така што придонесот на надворешнотрговската размена беше позитивен.

На годишно ниво, данскиот БДП порасна за 2,5 отсто во однос на истиот квартал од минатата година и со тоа беше проследен со раст на годишно ниво од 1,9 отсто во првиот квартал од 2024 година.

Подготвено од М.Д.

About Author