Црна Гора

29.08.2024 Скопје

Црногорската влада усвои нови мерки за ограничување на маржите во продавниците на големо и мало, а како и досега, „ограничените цени“ нема да важат за најмалите пазари, односно оние чија вкупна квадратура е помала од 600 квадратни метри на национално ниво.
Овие мерки ќе важат до 31 јануари следната година.

Премиерот Милојко Спајиќ рече дека обемот на кампањата ќе биде поголем од досегашната и дека ќе опфати повеќе од 1.000 предмети. Тој посочи и дека со ограничување на маржите, трговците нема да профитираат од најавеното зголемување на платите.

Акцијата се однесува на 66 различни производи, а кога ќе се избројат сите тежини, според пресметката на Владата станува збор за илјада артикли. Маржите за пет основни прехранбени производи веќе се ограничени со одлуката на Владата од јули.

Подготвено од М.Д.

About Author