23.08.2024 Скопје
Цените на пченицата денеска паднаа на најниско ниво од септември 2020 година, поточно на 5,20 долари за бушел (27,2 килограми) првенствено поради влијанието на можниот штрајк на железницата во Канада и оптимистичките прогнози за производство во Украина.
Можноста за штрајк на железницата во Канада ги натера земјоделците однапред да ја продаваат својата пченица за да ги избегнат очекуваните проблеми со транспортот, а земјата се очекува да има да произведе околу 25,3 милиони тони.
Американското Министерство за земјоделство (USDA) ги зголеми прогнозите за украинското производство на пченица за 10,8 отсто на 21,6 милиони тони, а очекуваното зголемување на понудата дополнително ја намали цената на пченицата.
Ситуацијата во Европа не е толку добра, а според прогнозите се очекува Франција да ја има најлошата жетва во последните повеќе од 40 години.
Француското производство на пченица може да падне на 25,2 милиони тони во сезоната 2024/25, што е за 27 отсто помалку од петгодишниот просек, објави неодамна аналитичката агенција Аргус.
Подготвено од М.Д.