26.08.2024 Скопје
Сараевските ќебапи и официјално се заштитени како автохтон домашен производ откако е завршена процедурата за нивна заштита, потврдија од Град Сараево.
Градот Сараево ја започна постапката во 2022 година. Минатата година, градоначалничката на главниот град на Босна и Херцеговина, Бенјамина Кариќ, тоа го направи со директорот на Агенцијата за безбедност на храна на БиХ, Џемил Хајриќ, се со цел сараевскиот ќебап да го означи како автохтон домашен производ.
„Многу сум задоволен од досега преземените активности што ги започнавме за време на нашиот мандат. Градот направи повеќе од она што се очекуваше од него. Претходно никој не постапуваше во оваа насока“, рече тогаш Кариќ.
Откако процедурата беше официјално завршена, Кариќ се огласи на Фејсбук.
„Среќна сум што можам да ја споделам со вас информацијата дека е завршена постапката за заштита на сараевските ќебапи како автохтон домашен производ. Постапката ја покрена Градот Сараево во 2022 година, а сега во соработка со сараевските ќебапџии и Агенција за безбедност на храна на БиХ, таа е завршена“, рече градоначалничката на Сараево.
На крајот таа се заблагодари на директорот на Агенцијата за безбедност на храна, Џемил Хајриќ, како и на сараевските готвачи кои ја разбраа и ја поддржаа оваа иницијатива.
Подготвено од М.Д.