07.08.2024 Скопје

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова, одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите меѓу двете институции, сѐ со цел сузбивање на сивата економија, соопштуваат од Царинската управа.

Во соопштението се наведува дека двете институции работат на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, фокусирајќи се на понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи.

„Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Николовски.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *