https://www.facebook.com/photo/?fbid=531133842345017&set=basw.AboWaD3qoTBoydY5fJIHwuG0f_pCdOF1HMhcfWqlReDjIPN86BJV5K06M43yZC1XhpyT6KipCocHZztYapsVBuTu6cSNSvk4XJBFWOU4YoL-NwL5KzuiyaYGlaTbay8KsQiDoUX2NDg3MUd_j728PiKA&opaqueCursor=Abqdom6LKwReXGviC9fyc6nuw7CbchU2c6kUAk-wM2pifBkmJs5jXxAVawJVIkmSkQg1MiC4AsXvGETY21BIEUGIfK3b0S323SKt-9LbDniX36Xg_J3xNBdM12AyWSgQDVZ1Xxp3Nor_uTMCQrHnZnzAGtuN_sSgbYPP6SR7l0jlnnupkNnUub8OSmAsYXSfuc2pbJ3lHZITw2pVlfV2pCVF6m3iLYdP8AIXWo7SXwDOsRqrT6sT_SY-xvUPYZAD2Wmn_wZe7mRbrUGE-MSDVviJz-Qy2ptuY28dRVWOf7QzDFa5Djg3Xy3DL0jrgPYJgv1aIt6DduebCZ6ts1oWPU0R1weScqMXiYew7CKVvze1sbnP7pypyruc6_0AWvU-FBB-9G2JTrHKqFhxxtW-c1hDIU9aH3M3iiCXJyCNOqcPOZ1ZJRS2VFsB8GNfT_-Xj8OUVS2e5u-ag41C6UJ0TQmKmyI4BYHCC-UbX6V-jP0LdQjOIa8nuacLuD4zJN9tJRJUYlyPnE0226T5xksF9FJDyPxUKKsWVYIeb5LmMTlbVkQTsIu1QtMZcMt33AkbeYcbK7AiqXsGpfEfBgddEq4rN5slA1jqI8o_FQTxbLJczs4TJTPF1ejksScr-iA2PVNtiHOIutNT5BmnEB4uHt7MSlqOgwObQniJCc45IrJ7KjbYPY6W1y4NS4YTsBzC_-7PqKTku4glNQT0kwDxTdpGt4l_TaWX-evxhO3gaaErZPpCZvB1aP3NCA8o6gWc8jKnM9MEpdtkzeshZzEHIwmVy1SHFWSgwNTRZfU-ioraoyFnAW8K9_8raBO_lH-dPF9eH2BDAJVkZG3NH2tC3tA0Iwakybl550SIjfoTDTQlzIGHz1WQQ57tLY2LcLQpnw2zMPKlo3l5KHMxprtzAFMyain9P-hqX7X01xtPnwMaG0XgdJ-bngBq4sUCWGnCMU-b5HXdByRoClZkXRJ1U-B2vZhxh1UjZTotdmIcrSHH7g

27.08.2024 Скопје

На 27 октомври Бугарија ќе ги одржи седмите парламентарни избори за само три години, најави претседателот Румен Радев, откако актуелните парламентарни партии не успеаја да формираат влада. Радев најави дека утре во парламентот заклетва ќе положи техничката влада на Димитар Главчев, која ќе ја води државата до изборите.

„Утре ќе го објавам указот за одржување на предвремени парламентарни избори на 27 октомври“, рече тој откако Главчев му ја претстави привремената влада.

Бугарија не успеа да формира стабилна влада откако антикорупциските протести ја соборија владејачката коалиција предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ во 2020 година.

ГЕРБ, и денес најголемата партија во парламентот, реформистичкиот блок Продолжуваме со промените (ПП) и помалата партија Има таков народ не успеа да формира влада по изборите на 8 јуни.

Овие избори беа распишани по падот на владата на ГЕРБ и ПП во март. И двете партии се проевропски и пропазарни, но нивниот сојуз беше обележан со внатрешни кавги и лични ривалства.

На Бугарија очајно ѝ треба период на стабилна влада за да го забрза протокот на европските средства неопходни за реконструкција на нејзината стара инфраструктура.

Политичкиот застој го загрозува и планот на Софија за приклучување кон Шенген и еврозоната.

Подготвено од М.Д.

About Author