10.08.2024 Скопје
Имено, улиците во Помпеја се уште се зачувани, како и многу куќи, градини и фрески. Но, еден турист од Британија решил да остави свој белег. На ѕидот на Куќата на Вестални девици, неименуваниот 37-годишник со тап предмет ги издлабил иницијалите на членовите на неговото семејство и датумот – 7 август.
На фотографиите можете да видите врежани букви до влезната врата, кои биле обоени во црвено пред речиси 2000 години. Повисоко на ѕидот се иницијалите „JW, LMW и MW“ и малку пониско „MYLAW и 07.08.24“. Вработените во археолошкиот парк забележале што прави туристот и веднаш повикале полиција, по што 37-годишниот маж бил уапсен.
Се наведува дека Британецот се извинил и објаснил дека ги издлабил своите иницијали и на двете ќерки за да остави трага, односно да ја овековечи нивната посета на Помпеја. Засега не се знае точно каква казна го чека туристот.
Кога посетител од Казахстан ги издлабил своите иницијали на куќа во Помпеја во јуни, шефот на археолошкиот парк рече дека ќе мора да плати за реставрација на ѕидот. Случајот беше предаден на локалниот суд со обвинение дека предвидува парична казна од 20.000 до 60.000 евра и можна затворска казна до пет години.
Подготвено од М.Д.