ZOO BITOLA

26.08.2024 Скопје

Речиси пред колапс  е битолската Зоолошка градина затоа што 15 години  не се пополнуваат испразнетите работни места на вработените кои заминуваат во пензија, па установата не може нормално да функционира.  Во моментот  за околу 300 животни и птици се грижат само десетина вработени, а според систематизацијата потребни се уште 20 лица.  Овој сериозен проблем  го отвори ВД директорот на ЗОО  градината,  Јане Гилевски,  доскорешен магационер во установата

Гилевски пред  Комисијата за финансии и буџет во општинскиот Совет,   го образложи планот за вработување за следната година и  побара советниците да го изгласаат овој документ на утрешната седница. Потоа,  со оглед  на  поделените надлежности врз установата на   локалната и централната власт, ЗОО  градината ќе бара од Министерствата за култура и финансии согласност за пополнување на испразнетите работни места.

Дека состојбата во битолската Зоолошка градина е очајна забележуваат и посетителите

ЗОО негувателите уверуваат дека животните  се во добра состојба  и се во  сигурни раце,  но сепак,   со десетина вработени исклучително тешко се организира трисменско работење.

Битолската зоолошка  градина е стара  73 години,а   во неколку наврати се соочуваше со петиции за нејзино затворање поради несоодветни услови за животните. Со средства  од европските фондови беше   реконструирана пред 10 години, а сега  ЗОО  градина во Битола е во исклучително тешка состојба поради недостиг на кадар.

Подготвено од М.Д.

About Author