kakao-bv

20.08.2024 Скопје

Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат.  Бербата почнува веќе во октомври.

Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони. Сепак, тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.

Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година.

Чоколадите веќе поскапеа, а и какаото во маркетите има повисоки цени. И српските медиуми неодамна пишуваа дека цените на чоколадите се зголемиле.

Подготвено од М.Д.

About Author