Recaro1

05.08.2024 Скопје

Recaro Automotive доставила документи за стечај, што ги изненадило вработените во оваа компанија, но и синдикатот IG Metall. Информациите доаѓаат од Окружниот суд во Еслинген.

„Засега не е познато што значи тоа за 215-те вработени во Recaro Automotive GmbH во Киркхајм. Очекуваме дека ќе се искористат сите опции за да се обезбедат работни места и да се најде одржливо решение“, објави синдикатот.

Работничкиот совет изрази разочарување, бидејќи работната сила помогна да се одржи компанијата економски стабилна со тоа што се согласи на одложување на платите. Исто така, работниците се разочарани и сметаат дека раководството ги пропуштило.

Во моментов, стечајот се однесува само на Recaro Automotive, што значи дека производството на авионски седишта, канцелариски и гејмерски столчиња и седишта за бебиња не се засегнати со овој потег.

Подготвено од М.Д.

About Author