21.08.2024 Скопје
Баку официјално поднесе барање за пристапување во БРИКС, соопшти министерството за надворешни работи на Азербејџан.
„Азербејџан поднесе официјално барање за пристапување во БРИКС“, кажа министерот за надворешни работи Ајхан Гаџизаде.
Азербејџан и Кина на почетокот на јули усвоија заедничка декларација за воспоставување стратегиско партнерство, во која азербејџанската страна изрази желба да се придружи на БРИКС, а кинеската ја поздрави интеракцијата со Баку во рамки на сојузот.
Интересот на Азербејџан за јакнење на соработката со БРИКС беше наведен и во заедничката изјава на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев ден претходно.
Во документот се истакнува дека Москва ја поддржува оваа амбиција на Баку. Покрај тоа, Путин го покани Алиев на самитот на БРИКС во Казањ во октомври оваа година.
БРИКС е сојуз основан во 2006 година од страна на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а во меѓувреме членки станаа и Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.
Подготвено од М.Д.