SKOPJE BLACE

31.08.2024 Скопје

По најавите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски дека изградбата на  автопатот Скопје – Блаце ќе се ревидира и дека втората делница долга 12 километри е тешко остварлива, се огласи неговата заменичка Калтрина Зеколи Шаќири.

Таа појаснува дека автопатското поврзување со Косово не е доведено во прашање, само се бара посоодветно решение. Во писменото соопштение се наведува дека  поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на ЈПДП, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини, сега ќе се бара поодржливо решение.

Зеколи Шаќири посочува дека од планираните 12 километри, 6 километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект исклучително скап без јасни причини со проценета цена од околу 240 милиони евра за преостанатите 12 километри, односно околу 20 милиони евра по километар, што го прави овој проект еден од најскапите проекти по километар во регионот.

Подготвено од М.Д.

About Author