28.08.2024 Скопје
Австрија ја тресе хируршки скандал во кој беше откриено дека жена неврохирург и дозволила на нејзината 13-годишна ќерка да биде во операциона сала за време на операција на черепот, а сега е откриено дека дури и дала нејзината ќерка да оперира.
Сè се случи во универзитетската болница во Грац уште во јануари. Мажот (33) завршил во болница поради сериозни повреди на главата, докторката дозволила нејзината ќерка да оперира.
Обвинителството за се дознало по анонимна дојава во април, а дури во јули го известиле човекот кој и натаму е неспособен за работа, иако операцијата поминала без проблеми.
И хируршкиот тим е под истрага на обвинителството, а болницата го отпушти неврохирургот и уште еден специјалист.
Адвокатот на пациентот, Петер Фрајбергер, вели дека сето ова не требало да се случи.
„Никој не го контактирал. Тој не доби никакво објаснување, ниту извинување, ништо“, рече адвокатот.
Државното обвинителство во моментов води истрага за двајца лекари и уште пет лица кои биле присутни во операционата сала.
„Тогаш мојот клиент ќе бара компензација за болката и страдањето. Операцијата и дупчењето биле неопходни, тоа за нас е неспорно, но да се дозволи такво нешто на 13-годишно дете е неприфатливо“, рече тој.
Подготвено од М.Д.