https://www.flickr.com/photos/moorina/4270874688/in/photolist-7vpmfu-5VM7Vw-f6AwUc-2hwbFbL-8EnLtF-dPALMH-c2PNFm-24rYy41-2hLhMtL-dmFiNN-9xWoZB-qhBH9t-7Avqgd-9FZYni-5CHhd-8LFWV-2kRbemg-32p5zP-597km9-2n1Xko1-JZiwpv-2bwwZWP-9BP64C-d9NKNa-zugHUT-2n1Z1Q1-2m4wUVR-jvBFww-Gsr4xH-wtHEa-2kAhMRk-E2kVAb-2788Riq-9gj9mz-4YVYwR-y2FVU-e35hmN-WPnXT-87kxtY-63TAaa-FAnAEf-4sTjb6-biJ2cp-YTd7xJ-2inWwJU-rfgmDC-onCWEA-4r453y-fBJ5XA-9ezm51

05.08.2024 Скопје

Австралија денеска го подигна нивото на закана од тероризам од „можно“ на „веројатно“, наведувајќи го како причина зголемувањето на екстремистичките ставови во земјата, поради што во следните 12 месеци постои повеќе од 50 отсто веројатност дека напад ќе биде планиран.

Премиерот Антони Албанис рече дека нивото на закана во земјата е подигнато по совет од безбедносните служби, додавајќи дека сè уште нема непосредна закана од напад.

„Добивме совети кои укажуваат дека се повеќе Австралијци прифаќаат широк спектар на екстремни идеологии и наша одговорност е да бидеме внимателни“, рече тој на прес-конференција. Во 2022 година, Австралија го спушти нивото на закана на „можно“, по осум години на ниво на „веројатно“.

Генералниот директор на Австралиската безбедносна разузнавачка служба Мајк Берџес рече дека тензиите на Блискиот Исток, вклучително и конфликтот меѓу Израел и Хамас што започна на 7 октомври, се фактор кој придонесува за зголеменото ниво на закана.

„Конфликтот поттикна незадоволство и протести и ја поткопа социјалната хомогеност и ја зголеми нетолеранцијата“, рече Берџес. Имаше неколку насилни напади во Австралија во последните месеци, од кои некои се третираат како напади со „екстремистички мотиви“.

Во април, австралиската полиција објави дека нападот со нож во Сиднеј врз епископот на Асирската црква и некои од неговите поддржувачи бил терористички чин потенцијално мотивиран од верски екстремизам.

Подготвено од М.Д.

About Author