VIKTORIJA CEJN HARISON

14.08.2024 Скопје

Викторија Џејн Харисон го започна својот мандат предавајќи ѝ ги акредитивите на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, а во работата ќе ѝ помага кучето Ото. Харисон зборува словенечки откако го студирала овој јазик на Универзитетот во Нотингем.

Таа е првата слепа британска амбасадорка и на сајтот на британската влада напишаа дека ова е пресвртница за дипломатската служба на Обединетото Кралство.

Харисон е родена со здрав вид, но почнал да ѝ се влошува во тинејџерските години и ослепела на крајот на студирањето.

„Покрај тоа што Британија и Словенија се олимписки шампиони во спортско качување, ние делиме и вредности како еднаквост и инклузија, што мене лично ми е многу важно. И моето куче Ото е пресреќно што е тука. Тој е првото куче кое придружува британски амбасадор во светот“, изјави Харисон.

Подготвено од М.Д.

About Author