23.08.2024 Скопје
На крајот на јуни годинава во Хрватска имало регистрирани 248.255 деловни субјекти, од кои 72,2 отсто или 179.241 биле активни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Податоците за структурата на деловните субјекти по дејности покажуваат дека повеќе од половина од регистрираните и активните субјекти се застапени во четири области на дејност – трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, со учество на регистрирани лица од 12,8 отсто и активни лица од 14,5 отсто, преработувачка индустрија, со учество на регистрирани лица од седум отсто и активни лица од 8,6 отсто, стручни, научни и технички дејности, со учество на регистрирани лица од 10,6 отсто и активни од 12,9 отсто и други услужни дејности, со учество на регистрирани од 20,1 отсто и активни од 13 отсто.
Кај активните правни субјекти најмногу има фирми, 91.433 или 51 отсто, кои имаат меѓу еден и девет вработени, додека 69.167 субјекти или 38,6 отсто од нив немаат вработени.
Подготвено од М.Д.