MALAGA PROTESTI

01.07.2024 Скопје

Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови.

Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: “Малага не се продава” и “Ова не е туризам, ова е инвазија”.

Според организаторите, на вчерашниот митинг учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник “Паис” објави дека протестирачите биле околу 15.000.

Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови.

Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот. – Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, изјави портпаролот на протестирачите.

Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски.

Подготвено од М.Д.

About Author