31.07.2024 Скопје
Во срцето на планината Бистра, утре (1 август) започнува 5. издание на Галичник филм фестивал, во чија програма ќе бидат прикажани 28 краткометражни играни, документарни и анимирани филмови.
Жирито оваа година го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематограферот Џин Дакар.
Покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности, како дискусии со режисери и актери и работилници. Ќе се одржи и балканска работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски, за што се избрани пет проекти во развој.
Подготвено од М.Д.