lukashenko 5

03.07.2024 Скопје

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека „Западот едноставно едвај чека да ја вовлече Белорусија во воените судири“.

Тој во Минск се сретна со претседателот на Државната дума, сојузното собрание на Руската Федерација Вјачеслав Володин, а во текот на состанокот зборувал за прашања од билатералната соработка и ситуацијата околу Белорусија.

„Постојат многу прашања. И постојат вообичаените прашања кои мораме да ги решиме. Мислам дека сте запознаен и гледате што се случува околу Белорусија. Тие едвај чекаат да нè вовлечат во судирите. За да нè рашират долж оваа граница, да го оневозможат нашиот отпор и да ги ескалираат нештата до степен од кој сиот свет ќе се тресе. Многу сериозна ситуација. Под ниедни услови не смееме да се опуштаме“, кажа шефот на белоруската држава.

Подготвено од М.Д.

About Author