ograda-vlada

03.07.2024 Скопје

Владата на Република Северна Македонија одлучи да ја врати оградата околу владината зграда која беше отстранета во 2019 година по одлука на тогашниот премиер Зоран Заев.

„Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена“, информираат од владината прес-служба.

Оградата чинеше 700 илјади евра, а беше отстранета по ветувањето на Заев како опозициски лидер дека отстранувањето на оградата и „отварање на Владата“ ќе биде приоритет откако тој ќе дојде на власт.

Оградата беше дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со реконструкцијата на фасадата на владиното седиште.

Оградата беше одложена во депо, а според новиот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски оградата не била соодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

Подготвено од М.Д.

About Author