VELESKO EZERO

29.07.2024 Скопје

По допрен глас од медиумите до сопствениците на БРАКО и ФЕРО ИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, кои имаат сопственост и во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино, општина Лозово, истите испратија цистерна за собирање на штетната материја која се наоѓа на површината на велешкото езеро Младост и нејзино пренесување во биогасната електрана за таму да се истури во т.н. дигестор на електраната каде се собира органски отпад, измет и силажа, а од кои материи во биотехнолошки процес понатаму се издвојува биогас.

„Нашите инженери во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино утврдија дека штетната материја која го загадува Велешко Езеро може да биде употребена во процесот на производство на биогас. Но, не можеме веднаш и цела материја да ја собереме и употребиме, бидејќи таа е веќе полна со бактерии, врие и е активна, и не смее одеднаш да се стави преголема количина во системот на електраната бидејќи ќе направи проблем. Мораме да ја почитуваме технологија на производство на биогасот и соодносот на материи, кои мора да бидат дозирани за да биде производството безбедно, бидејќи станува збор за производство и насобирање гас кој гори”, појаснуваат од групацијата Феро Инвест.

Подготвено од М.Д.

About Author