slou fud kongres

12.07.2024 Скопје

Глобалната организација Слоу фуд е создадена како пандан на брзата храна, а нејзината цел е да се произведува чиста и правична храна, а притоа да се зачува биодиверзитетот и разновидноста на храната. А кој го прави тоа денес? Кој ги чува старите рецепти, традиционалните начини на произодство на афтохтони сорти? Па, малите производители и луѓето во руралните средини. Дојдете на трпеза и запознајте се со нив.

„Не можам да се помирам со фактот дека на толку прекрасна, автентична локална храна, најпознативе и најголеми ресторани во Охрид, за вегетаријански оброк служат зеленчуци на скара, безвкусен бел ориз и златна мешавина. Еднаш, пола саат им зборував на туристите во автобус за нашата храна, за да ги спремам за ручек во традиционален ресторан, кога таму – пилешки стек со вариво, понудени под името локална храна. Ме гледаат бледо луѓето кои чекаа да го испробаат тоа за што им зборував, сирења, ајвари, пиперки, комати, а пред нив – стек!“, ни раскажа резигнирано еден туристички работник од нашава мала дежела за својата најголема болка.

И токму во таа насока, односно, за да не се случува ова, но и за да го зачуваме она што остана од нашата традиционална храна, е насочена активноста на Слоу фуд Македонија, дел од глобалната организација на активисти чија визија е свет во кој сите луѓе ќе имаат пристап и можност да уживаат во храна која е добра за нив, за оние кои ја одгледуваат и за нашата планета.

Подготвено од М.Д.

About Author