ukraina nova voena pomos sad

11.07.2024 Скопје

„На крајот на краиштата, сите ние треба да бидеме подготвени да продолжиме да ја поддржуваме Украина дури и по 2025 година. Како што веќе долго време кажувавме, ова не е конфликт што ќе заврши наскоро“, рече тој, истакнувајќи дека Русија „сигурно“ ќе може да го издржи животот во воената економија уште најмалку три или четири години.

Тој оцени дека засега руското општество е подготвено за таков начин на живот. Во Вашингтон почна јубилејниот самит на НАТО каде пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што претходно беше објавено, сојузниците на НАТО ќе и обезбедат на Украина дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии Патриот донирани од Германија, САД и Романија, како и оружје од Холандија и Италија. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на самитот вети дека „енергично“ ќе ја брани Украина од Русија.

Подготвено оед М.Д.

About Author