uprava-za-vodenje-maticni-knigi-640x400

08.07.2024 Скопје

Отворање канцеларија „Една точка за услуги“ во Аеродром преку која граѓаните ќе можат да вадат и документи од Управата за водење матични книги беше тема на денешната средба меѓу заменик-градоначалникот Дејан Митески и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Една точка за услуги“ е од исклучително значење за аеродромци, затоа што од оваа канцеларија на два шалтера граѓаните на едно место ќе добиваат повеќе од 40 услуги и информации од голем број институции.

Освен вадење документи од Управата за водење матични книги, за што има огромен интерес меѓу аеродромци, жителите ќе добиваат и услуги од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски – Секторот за патен сообраќај и инфраструктура, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика – Центрите за социјална работа, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за економија.

Заменик-градоначалникот Митески истакна дека целта на овој проект е да им се олесни секојдневното функционирање на граѓаните кои во непосредна близина на нивните домови ќе можат да ги вадат сите потребни документи.

Подготвено од М.Д.

About Author