09.07.2024 Скопје
Министерот за надворешни работи Фуад Хусеин му ги предаде неодамна пронајдените предмети на министерот за култура, туризам и антиквитети Ахмед ал-Бадрани на церемонија во Багдад.
Поголемиот дел од артефактите изложени во седиштето на американскиот Стејт департмент беа вратени во Ирак по посетата на премиерот Мохамад Шија ал-Судани на Вашингтон во април, рече Бадрани.
Тој додаде дека некои од предметите биле вратени од други земји, но не наведе детали.
Тој истакна дека Швајцарија и Јапонија овој месец ќе вратат повеќе „ретки археолошки збирки“.
Ирачките власти се обидуваат да повратат илјадници археолошки реликвии кои исчезнаа по инвазијата, која беше проследена со голем грабеж низ целата земја.
Подготвено од М.Д.