22.07.2024 Скопје
Властите во јужната индиска држава Керала презедоа превентивни мерки по смртта на 14-годишното момче од вирусот Нипах и идентификувањето на уште 60 лица од високоризичната категорија, изјави министерот за здравство на таа индиска држава, изјави Вина Џорџ.
Таа изјавила дека момчето починало од срцев удар.
Се наведува дека делови од државата Керала се меѓу најранливите во светот на вирусот Нипах.
Овој вирус, кој доаѓа од овошни лилјаци и животни како свињи, може да предизвика фатална треска со отекување на мозокот кај луѓето.
Вирусот Нипах е класифициран како приоритетен патоген од страна на Светската здравствена организација (СЗО) поради неговиот потенцијал да предизвика епидемија, а за него не постои ниту вакцина за превенција, ниту ефикасна терапија за пациентите.
Подготвено од М.Д.