KASA MARKET

04.07.2024 Скопје

Трговците на мало во Германија имаат се поголем проблем со крадците: институтот за истражување на пазарот ЕХИ проценува во новата студија дека крадците минатата година украле стока во вредност од 2,8 милијарди евра од продавниците на мало

Штетата е поголема за значителни 15 проценти од претходната година. Најчести мети на крадците се продавниците за храна и облека и аптеките.

Главниот автор на студијата, Френк Хорст, честото прибегнување кон кражбата го припишува само делумно на кризата и финансиските проблеми на луѓето.

Проблемот е недостатокот на стручна работна сила во малопродажбата. „Многу продавници денес се со недоволно персонал, што е олеснување за крадците. Самото присуство на персонал ја обесхрабрува кражбата“, рече Хорст.

Крадците најчесто земаат алкохолни пијалаци, тутунски производи, козметика, жилети, енергетски пијалоци, храна за бебиња и кафе. Често се крадело месо, месни производи и сирење.

Најголем дел од сторителите се случајни крадци, но околу една четвртина се професионални крадци кои делуваат и во организирани банди.

Севкупно, отстапувањето за пописот во 2023 година се зголеми за пет проценти, на 4,8 милијарди евра. Вклучува загуби поради кражба од клиенти, вработени и персонал на добавувачи и услужни компании, како и организациски дефекти, како што се неправилно прикажани цени.

Во загуба е и државата која со кражби на мало губи околу 560 милиони евра даночни приходи.

Подготвено од М.Д.

About Author