GERMANSKI PASOSH

08.07.2024 Скопје

– Има турканици и немири во деловите за пасоши и лични документи на градовите, изјави денеска шефот на здружението Хелмут Деди.

Во моментов се потребни до осум недели за да се испорачаат пасошите, додека вообичаено тоа трае само две или три седмици, рече Деди и додаде дека многу луѓе биле изненадени.

Како одговор на барање на ДПА, германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека има проблеми во официјалните печатачи и оти има нагло зголемување на бројот на барања за пасоши од почетокот на годинава.

„ За прв пат досега, многу повеќе од 600.000 пасоши беа нарачани во рок од четири недели, рече портпаролката на германското МВР. Официјалните печатачи беа во процес на набавка на нова механизација“, додаде таа.

Во меѓувреме, градските власти можат да издаваат привремени пасоши кои важат за повеќето земји, а потоа да се вратат откако ќе се добие редовниот пасош.

Подготвено од М.Д.

About Author