SLEDENJE PRISLUSKUVANJE

29.07.2024 Скопје

Во 2023 година Јавнито обвинителство (ЈО) следело вкупно 416 граѓани во вкупно 87 случаи во 93 предмети што ги истражувало ЈО. на кривично дело. Споредено со 2022 година тоа е за 64 отсто повеќе предемти во кои Обвинителството спровело посебни истражни мерки (ПИ мерки). Што се однесува до бројот на граѓани што биле следени или биле применети други ПИ мерки тој е незначително зголемен од 413 луѓе во 2022 година на 416 во 2023 година. Во однос на предметите на кривично дело опфатени со посебни истражни мерки, постои намалување на бројот од 136 во 2022 година на 93 во 2023 година или околу 32 отсто помалку.  Од ЈО велат дека ваквата состојба е резултат на фактот дека најчесто во пракса не се применува посебна истражна мерка само по еден основ, туку во повеќето случаи се комбинира примена на повеќе видови на посебни истражни мерки.

Во 2023 година Јавното обвинителство (ЈО) ги следело и снимало телефонските и други електронски комуникации на 113 раѓани во 31 случај и сите биле во различен временски распон.

„Во 13 случаи примената на мерката траела до еден месец, во четири случаи до два месеци, во 17 случаи до четири месеци, во пет случаи до шест месеци и во три случаи до 12 месеци. Како резултат на доказите прибавени од примената на посебните истражни мерки во еден случај отворена е предистрага, во четири случаи за 60 луѓе се донесени наредби за спроведување на истражна постапка, во два случаи е запрена истражната постапка, бидејќи не се обезбедени доволно докази, во еден случај е донесена резолуција, во еден случај е донесено решение за непреземање на кривично гонење, за 29 луѓе е поднесено обвинение и донесени се четири пресуди, во три случаи се поднесени обвинителни акти, во еден случај донесена е пресуда врз основа на спогодба и за 94 луѓе мерката е во тек“, се наведува во Извештајот за примена на посебните истражни мерки (ПИ мерки) на ЈО.

Споредено со 2022 година, годинава се забележува намалување за шест случаи и 42 граѓани за кои била применувана ваквата мерка.

Граѓаните врз кои биле применети овие ПИ мерки биле осомничени за 20 кривични дела и тоа, убиство, во три случаи, грабнување во еден случај, посредување во вршење проституција во еден случај, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори во 36 случаи, перење пари и други приноси од казниво дело во еден случај, измама во еден случај, фалсификување пари во еден случај, учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во еден случај, злоупотреба на службената положба и овластување во два случаи, противзаконито ослободување на лице лишено од слобода во еден случај, примање награда за противзаконито влијание во еден случај, терористичка организација во четири случаи, тероризам во два случаи, финансирање на тероризам во еден случај, примање поткуп во четири случаи, неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи во два случаи, криумчарење на мигранти во еден случај и организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти во три случаи.

Подготвено од М.Д.

About Author