02.07.2024 Скопје
Законските измени со кој се предвидува укинување на економските директори на Клиниките денеска ќе биде точка на дневен ред на седницата на Владата. Измените доаѓаат откако минатата недела, по преземање на функцијата во здравство, министерот Таравари ја почна „чистката“ на директори, чиј мандат истекува до крајот на месецот, за останатите потребни се законски измени.
Надлежните очекуваат да се стави крај на, како што велат, дуализмот и да се рационализира трошењето на средствата.
Таравари најави ревизија на работата на сите клиники и нови смени на директорските позиции, но вели доколку утврдат дека некој директор добро си ја вршел работата ќе остане на функцијата.
Фокус на министерството во следната година останува спојување на Клинички, болниците и здравствените домови во општа болница во секој град и дигитализација на здравството.
Подготвено од М.Д.