ВЛАДА И НОВ ПРЕМИЕР ВО ФРАНЦИЈА ВЕДНАШ ПО ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

24.07.2024 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе именува нов премиер, а потоа ќе се формира и нова влада.

Тој ја отфрли можноста да поднесе оставка пред крајот на мандатот.

Макрон призна дека неговата партија претрпе пораз на изборите претходно овој месец и одби да коментира дали новиот премиер ќе биде некој од победничката левичарска коалиција.

Подготвено од М.Д.

About Author