04.07.2024 Скопје
Астронаутот на НАСА Метју Доминик го сними ураганот Берил на Карибите од Меѓународната вселенска станица и објави на социјална мрежа.
Берил, во меѓувреме, достигна рекордна јачина од 5, објави Националниот центар за урагани, бидејќи ги погоди Карибите. Најмалку шест лица загинаа на островите во Карипското Море.
Премиерот на Гренада, рече дека ова најверојатно не е конечниот биланс на загинати. Ветерот достигна брзина од 265 km/h.
„За половина час Кариаку беше срамнет со земја“, рече Мичел.
Ураганот, минувајќи над Гренада, уништи бројни згради, ги пресече електричните и телефонските жици на речиси сите жители на островот.
Подготвено од М.Д.