02.07.2024 Скопје
Националниот фронт, најпознатата крајнодесничарска политичка партија во Франција со која до пред 10-на години се потсмеваа политичките опоненти, денеска е на чекор од власта. На вчерашните избори нејзините кандидати освоија 33,4 проценти од гласовите а анкетите ѝ предвидуваат дека во вториот круг може да освои помеѓу 260 и 310 пратенички места, токму околу потребниот број за апсолутно мнозинство 189 пратеници. Тоа е и целта на нејзиниот лидер Жордан Бардела.
Од другата страна е крајнолевичарската коалиција Нов народен фронт со 27,9 проценти од гласовите, пред владејачката партија на претседателот Макрон, која остана далеку назад со 20,7. Националниот фронт со вчерашниот прв круг на избори се покажа како најголема политичка сила во Франција, и реалната можност за освојување на власта ги загрижува не само нејзините политички опоненти, туку и цела Европа.
Останатите политички партии во Франција започнаа со организирање на заеднички настап во вториот круг. До сега 167 кандидати се повлекле од вториот круг на изборните единици каде имаше по тројца кандидати за да им дадат поголема шанса на противкандидатите на Националниот фронт.
Француските гласачи се заглавени помеѓу две екстреми и за многумина изборот не е помеѓу поголемо и помало зло, туку две идентични. За нив, главниот виновник за оваа ситуација е токму претседателот Маркон и неговите лоши политики.
Подготвено од М.Д.