31.07.2024 Скопје
Во Марсеј се украдени петнаесет компјутери кои содржеле конвенционални податоци од нуклеарни централи од просториите на компанијата „Ендел“, специјализирана за индустриско одржување на делови кои се користат во нуклеарните централи во Франција.
Компјутерите биле украдени викендов без упад, а кражбата дури вчера наутро ја забележале вработените во „Ендел“.
Француската компанија за електрична енергија (ЕДФ) по спроведената истрага за Фигаро објави дека во украдените компјутери немало чувствителни податоци.
Сепак, полициски извор изјавил дека компјутерите содржеле чувствителни податоци за француските нуклеарни локации.
Обвинителството во Марсеј соопшти дека веднаш била отворена истрага за кражбата.
Подготвено од М.Д.