turcija satelit

09.07.2024 Скопје

Турција утрово го лансираше во орбитата својот прв комуникациски сателит од домашно производство „Турксат 6А“.

Ракетата SpaceX Falcon 9 лансираше сателит во вселената од станицата на вселенските сили Кејп Канаверал на Флорида.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лансирањето на тој сателит го означува почетокот на „новата фаза“ за Турција во производството на сателити.

„Ние произведовме повеќе од 81 отсто од потсистеми, сателитски копнени станици и софтвер во проектот 6А, што е од големо значење за иднината на нашата земја во вселената“, посочи тој.

Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу рече дека првиот сигнал од сателитот бил примен 67 минути по лансирањето.

Тој додаде дека „Турксат 6А“ е резултат на десетгодишниот напор за изградба на домашен сателит, наведувајќи дека Турција стана една од 11-те земји што го направија тоа.

Подготвено од М.Д.

About Author