KUCINJA

31.07.2024 Скопје

Законот, напишан од владејачката АК Партија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ја разбранува турската јавност. Многумина стравуваат дека оваа мерка ќе резултира со евтаназија на повеќето од овие кучиња.

Турција има околу четири милиони кучиња скитници. Поддржувачите на законот ја наведоа загриженоста за напади на кучиња, сообраќајни несреќи и ширење на беснило.

Според новите правила, секое куче кое покажува агресивно однесување или има неизлечива болест ќе биде евтаназирано. Законот го поддржаа 275 пратеници, а 224 беа против.

Активистите за правата на животните побараа наместо тоа да се прошири кампањата за стерилизација, а опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд.

„Оваа мерка е очигледно неуставна и не го брани правото на живот“, рече лидерот на ЦХП, Озгур Озел по усвојувањето на законот, додавајќи дека општините немаат доволно капацитет да се грижат за толку многу кучиња од улиците.

„Ќе направиме повеќе од потребното во однос на изградбата на дополнителни засолништа, вакцинација, стерилизација и посвојување, но не е можно целосно да се исполни оваа обврска со овластувањата што ги имаат општините“, додаде тој.

Турција во моментов има 322 засолништа за животни со капацитет за околу 105 илјади кучиња, се наведува во законот.

Со него се бара од сите општини да издвојат најмалку 0,3 отсто од својот годишен буџет за програмата за рехабилитација на животните и за изградба или проширување на засолништата. Тоа ќе треба да го постигне до 2028 година.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во последните неколку недели да протестираат против законот, носејќи знаци како „не можеш да ги убиеш“ или „повлечете го законот“.

Жителите на турските градови и населени места често самите се грижат за уличните животни, им градат импровизирани засолништа, ги хранат и им даваат вода. Едно истражување покажало дека помалку од 3 отсто од жителите поддржуваат евтаназија за кучињата, а речиси 80 отсто сакаат да ги сместат во засолништа.

Подготвено од М.Д.

About Author