25.07.2024 Скопје
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и потпреседателот на Владата за Р. Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, заедно со в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, ќе го посетат граничниот премин Табановце.
Како што соопштија од МВР, посетата е во рамки на кампањата „Вози одморен“.
По настанот, министерот Тошковски ќе замине во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Подготвено од М.Д.