TANKER ZA NAFTA

25.07.2024 Скопје

Нафтен танкер под филипинско знаме што превезувал 1,4 милиони литри нафта се преврте и потона денеска кај Манила, соопштија властите.

„Успеавме да спасиме 16 од 17-те членови на екипажот, еден е исчезнат“, изјави секретарот за транспорт Хаиме Баутиста на брифингот за медиумите. Силниот ветер и високите бранови ја отежнаа спасувачката операција, додаде тој.

Несреќата се случила рано утринава кога бродот Тера Нова „се преврте и потона“, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража. Откриена е нафтена дамка, а службениците за заштита на морето се мобилизирани во обид да ја ограничат.

Подготвено од М.Д.

About Author