17.07.2024 Скопје

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека „нема сомнеж“ оти кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ќе продолжи да ја поддржува Украина.

„Разговаравме за Украина и не се сомневам дека ќе има силна и решителна поддршка за таа земја и одбрана на демократијата“, напиша Џонсон на својот профил на мрежата Икс, каде објави и фотографија од него и Трамп.

Џонсон се сретна со Трамп на маргините на републиканската национална конвенција во Милвоки.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *