16.07.2024 Скопје
Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.
„Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето”, потенцираа од ЛДП.
Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелира одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.
Подготвено од М.Д.