19.07.2024 Скопје
Максимилијан Ибрахимовиќ (17), син на легендарниот напаѓач на најголемите европски клубови Златан, го потпиша својот прв професионален договор.
Имено, Ибрахимовиќ Јуниор потпиша договор со Милан, клубот во кој неговиот татко ја извршува функцијата клупски советник и должност на човек кој е врската помеѓу играчите и лидерите.
Максимилијан ќе игра за младинскиот тим на Милан откако минатата сезона ја мина играјќи за нивниот тим до 18 години.
Тој најмногу игра на позицијата лево крило, а минатата сезона одигра 29 натпревари и постигна три гола.
Да потсетиме, Ибрахимовиќ постариот во својата професионална кариера одигра речиси 1.000 натпревари и постигна повеќе од 550 голови. Најдобриот стрелец во историјата на Шведска играше за ПСЖ, Милан, Интер, Ајакс, Јувентус, ЛА Галакси, Манчестер Јунајтед и Барселона. Кариерата ја започна во Малме, а минатата година заврши како играч на Милан.
Подготвено од М.Д.