16.07.2024 Скопје

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју. На средбата, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, било изразено задоволство од тековната соработка и партнерството фокусирано на економскиот раст и севкупниот развој на македонското општество.

Нагласувајќи ја непроценливата улога на Светска банка во изминативе три децении, претседателката Сиљановска Давкова изразила благодарност за континуираните проекти и иницијативи насочени кон клучните области, деловната клима, вработеноста, социјалната заштита и промовирањето одржлив зелен раст.

Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година, која претставува одлична можност за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, директно придонесувајќи кон надминување на актуелните предизвици и подобрувајќи го квалитетот на животот на македонските граѓани, се вели во соопштението и се додава дека во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова ја изразила подготвеноста за актуелизирање на овие цели, натамошно промовирање на нашите економски интереси и искористување на идните потенцијали.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *