GORDANA SILJANOVSKA DAVKOVA

24.07.2024 Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот српски колега Александар Вучиќ во телефонски разговор договориле заедничка посета на манастирот Свети Прохор Пчински во Србија на 2 Август, кога се одбележуваат 80 години од првото заседание на АСНОМ.

Заедничката посета по повод чествување на Илинден, како што се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет, е во духот на добрососедските односи и продлабочување на пријателските врски на двата народи.

Шефицата на државата, меѓу другото, му се заблагодарила на Вучиќ за помошта на Србија во справувањето со пожарите во земјава и ја потенцирала важноста од засилена регионална соработка во поглед на справување со природните катастрофи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во објава на социјалните мрежи го оцени разговорот со Сиљановска-Давкова за срдечен и ја потврди договорената посета на манастирот Свети Прохор Пчински за Илинден.

Подготвено од М.Д.

About Author