12.07.2024 Скопје
Властите велат дека според член 115 од Кривичниот законик, би било невозможно да се утврди кој е одговорен за смртта и како резултат на тоа „го блокирале воведувањето на уредот“.
Забраната дојде откако Нички на почетокот на јуни најави „поставување капсула во Швајцарија во следните неколку недели“.
„Машината е лесна за транспорт. Тоа може да биде идилично опкружување на отворено, или во просториите на организација за потпомогнато самоубиство“, изјави тој.
Локалните медиуми објавија дека компанијата е при крај со подготовките за користење на капсулата, како и дека „првиот кандидат е избран“.
Не се знае кој е споменатиот, а Нички и неговиот тим ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат извештаите.
Во едно интервју во 2023 година, Нички објасни како функционира капсулата:
„Прво, на лицето му се поставуваат три прашања на кои тие вербално одговараат – „Кој си ти?“, „Каде си?“, „Дали знаеш што ќе се случи ако го притиснеш копчето?“. По започнувањето на процесот, потребни се 30 секунди за нивото на кислород да падне на помалку од еден процент“.
Креаторите на „капсулата за евтаназија“ во 2021 година објавија дека „поминала правна ревизија во Швајцарија“, каде што потпомогнатото самоубиство е легално.
Сепак, професорката по право на Универзитетот во Цирих, Кирстин Вокингер, рече дека машината мора да биде сертифицирана според Законот за медицински уреди, што не било случај.
Сакро му дозволува на човекот да „притисне копче и безболно да го напушти овој свет“, тврди компанијата која стои зад необичниот проект „Егзит од Швајцарија“.
Креатор на машината е Австралиецот Филип Нички, а дизајнирана е да го замени кислородот со азот, по што човекот губи свест и умира.
Има копче за запирање за оние кои се предомислуваат во последен момент, како и отвор за итен излез.
Сепак, властите на кантонот Шафхаузен предупредуваат дека „помагањето во употребата на „капсулата за евтаназија“ ќе биде казниво со затвор“.
Во писмото до кое стигнале швајцарските медиуми, јавниот обвинител Петер Стихер наведува:
„Нема сигурни информации за начинот на убиство. Целосно е нејасно кој има контрола врз кој механички процес за време на умирањето“.
Подготвено од М.Д.