ELEKTRICEN AVTOMOBIL

22.07.2024 Скопје

Најголем дел од новорегистрираните автомобили во Швајцарија имаат хибриден или електричен погон, покажуваат најновите податоци на Auto Schweiz.

Околу 58 отсто од новите автомобили регистрирани во првата половина од годината имаат ваков погон.

Посебно популарни се хибридните возила кои покрај електромоторот имаат и класичен мотор.

Во првата половина од годинава нивното учество на пазарот на новорегистрирани автомобили изнесуваше речиси 32 отсто, што е зголемување во однос на една година претходно.

Електричните автомобили претставуваат 18 отсто од новокупените возила, што е нешто помалку од претходната година.

На трето место по популарност се хибридите кои можат да се полнат со помош на електрична енергија и нивниот удел е девет проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author