18.07.2024 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ја посети Србија со намера да ја зајакне соработката во експлоатација на суровини, изјави денеска портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.
Хебестрајт го опиша планираниот состанок во Белград како „самит за критично важни суровини“.
Во Белград треба да биде потпишано писмо за намери меѓу Србија и Европската комисија за стратешко партнерство за стратешки суровини и трговски синџири во производството на батерии и електрични возила.
На дневен ред ќе бидат и изјавите за намери меѓу голем број српски и европски компании.
„Позадината на разговорот е проектот за одржлива експлоатација на литиум во Србија и се однесува на понатамошниот развој на европската агенда на суровини и диверзификацијата на изворите на суровини“, рече Хеберстрајт.
Тој посочи дека изјавата за намери вклучува „преземање високи стандарди за зачувување и одржливост на животната средина“.
Подготвено од М.Д.