https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10159990788329311

25.07.2024 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека има намера да се кандидира за реизбор следната година и покрај малата поддршка од јавноста.

„СПД е силно обединета партија. Сите сме решени заедно да водиме кампања на следните избори и да победиме. И повторно ќе се кандидирам за да станам канцелар“, изјави вчера лидерот на Социјалдемократската партија (СПД).

Сепак, рејтингот на Шолц е многу низок, а СПД претрпе тежок пораз на европските избори. На анкетите им оди полошо од радикално десната АфД и главните конкуренти, демохристијаните од ЦДУ.

На изборите за ЕУ, гласачите во Германија ѝ нанесоа сериозен удар на владејачката коалиција, составена од СПД на Шолц, Зелените и либералите. Тоа беше најголемиот пораз на СПД на националните избори во повеќе од еден век.

Најголемата опозициска сила во земјата, сојузот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), победи на изборите со околу 31 отсто од гласовите, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) беше втора со околу 17 проценти.

Во неодамнешното истражување спроведено меѓу германските пратеници и извршни директори во земјата спроведена од страна на Институтот Аленсбах, 64 отсто од испитаниците му дадоа предност на Фридрих Мерц од ЦДУ, за кој се очекува да стане главен противкандидат на Шолц следната година, како иден канцелар на Германија.

Подготвено од М.Д.

About Author