26.07.2024 Скопје
Во градот Елин Пелин кај Софија дошло до голема експлозија во три магацини во кои се чувале огномети, две лица се тешко повредени, потврдија официјални лица. Од итната помош потврдија дека повикот го примиле околу 18:35 часот. и дека биле известени дека се повредени четири лица.
Горат магацини за огномет во градот Елин Пелин. Експлозијата се случила околу 18 часот и 30 минути пред магацинот „Интер карса“.
На местото на инцидентот излегоа министерот за внатрешни работи Калин Стојанов и генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи – главен комесар Димитар Кангалџијев.
„Ситуацијата е многу сериозна. Станува збор за компанија која се занимава со пиротехнички производи. Има шест магацини кои се полни со такви производи. Пожарникарите досега успеаја да ги евакуираат сите тешко повредени лица“, рече министерот.
Тој рече дека нема можност да се вклучат хеликоптери во гаснењето на пожарот.
„Доколку овие магацини се навистина полни, веруваме дека уште долго ќе татне“, рече Стојанов.
Според првичните информации, пожарот избувнал во три магацини.
Подготвено од М.Д.